Премиерот Димитар Ковачевски си испазари млеко, леб, макарони од познат ланец на маркети. Откако со министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Пазарна, Горан Трајковски, ги разгледаа цените, тој се одлучи за две пакетчиња макарони, а покрај сирењето да купи и урда. За целата сметка плати 328 денари.
„Десно, десно , десно, уште десно, онде се тестенините“, го насочуваа Ковачевски додека пазареше, за полесно да ги најде макароните.
„Сите цени се намалени“, го убедуваше претставникот на маркетот.
Бектеши за време на пазарењето му суфлираше поврзано за цените. Ковачевски отиде кај сирењето и купи. На крајот отиде на каса за да си ја плати сметката.
„Намалени се цените“, рече Ковачевски по пазарењето.