Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против две лица за „злоупотреба на лични податоци“

Скопјанец бил агресивен кон полицајци, ќе добие соодветна пријава

Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.(46) и З.З.(56), двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит и друга погодност“, казниви по чл.149 и по чл.249 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Имено, првопријавениот А.Б. на 20.08.2021 побарал лична карта и здравствена легитимација од оштетениот М.Б., со изговор дека му требаат за земање лекови и, по претходен договор, ги дал на второпријавениот З.З., кој бил надворешен соработник во финансиско друштво од Скопје, со цел добивање на брз кредит од финансиското друштво, при што второпријавениот З.З. поднел апликација и добил кредит на име на оштетениот М.Б., без негово знаење и согласност.

Можете да прочитате

Катастрофален ревизорски извештај за Агенцијата за вработување – Местени тендери, исплати без докази и фаворизирање

МВР со кривична против полицаец кој пукал на семејна веселба

Серискиот убиец од Куманово, убивал за да ги задоволи половите страсти врз мртвите тела