Утрински Весник
Свет

(Видео) Радиоактивен цилиндар исчезна од електрана во Тајланд

(Видео) Радиоактивен цилиндар исчезна од електрана во Тајланд
Ss2

Властите во Тајланд се обидуваат да лоцираат метален цилиндар со опасна радиоактивна содржина што исчезнал од електрана оваа недела. Тајландските власти ја предупредија јавноста на сериозни здравствени ризици кои можат да настанат во случај на контакт со материјалот во цилиндерот.

dobivaj vesti na viber

Откритието доаѓа само два месеци откако Австралија беше принудена да започне слична потрага за да ја пронајде малата радиоактивна капсула, која на крајот беше лоцирана. За разлика од австралиската капсула, која беше изгубена во оддалечена рурална област, цилиндерот во Тајланд исчезна во многу понаселена област.

Ss1

Цилиндарот долг 30 сантиметри и широк 13 сантиметри бил пријавен за исчезнат за време на рутинските проверки на персоналот на 10 март во електрана на јаглен во Прачин Бури, провинција во централен Тајланд.

Цилиндерот се користел за мерење на пепел и бил дел од силосот. Во него има цезиум-137, што е високо радиоактивна супстанција за која научниците велат дека може да биде смртоносна.

Тимови за пребарување и беспилотни летала се распоредени за да го пронајдат исчезнатиот цилиндар, се вели во соопштението на Управата за атомска енергија, владиниот регулатор на Тајланд за радиоактивни и нуклеарни истражувања.

Во потрагата е вклучена и тајландската полиција, која смета дека цилиндерот исчезнал во февруари, но дека компанијата National Power Plant 5 официјално го пријавила исчезнувањето дури минатата недела.

Ss1

Можете да прочитате

Меѓународниот суд на правдата во Хаг одби да и нареди на Германија да ја стопира воената и друга помош за Израел

Трамп казнет со 9.000 долари поради коментирање сведоци во текот на судењето

Германија во страв од немири за време на првомајските протести