Утрински Весник
Македонија

Костовски: Ќе се поништат 11 маркици за згради

Костовски: Ќе се поништат 11 маркици за згради

Денеска на предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Советот на Општина Бутел едногласно изгласа и даде целосна поддршка за поништување на 11 градежни маркици за згради од ДУП ССИ 06.07 и ДУП С16.

dobivaj vesti na viber

„ За ДУП С16 кој е на сила ќе се отпочне постапка за измена на планот со цел бришење на 7 маркици за згради. А за ДУП ССИ 06.07 кој е во постапка ќе биде ревидиран и ќе се избришат сите згради кои што се уцртани во предлог планот.
Воедно сите политички партии кои се дел од Советот ја прифатија иницијативата на граѓаните за промена на трасата на бул. Боца Иванова.

Едногласно Општина Бутел и кажа НЕ на Данела Арсовска. Ова се прави за нашата иднина, се со цел да се зачува мирниот, спокоен живот кој што го сакаат и бараат граѓаните на општина Бутел“ напиша на Фејсбук, градоначалникот на општината Бутел, Дарко Костовски.

Тој додава дека Општината Бутел треба да дише а не да се дави во бетон и да се гради на секој слободен простор. Повеќе зеленило, повеќе простор за спорт и рекреација беа дел од моите ветувања во мојата предизборна кампања, вели Костовски.

Дополнително, на денешната седница на Советот на Општина Бутел се изгласа и иницијатива за поништување на ДУП С15.10 и С15.13 кој се наоѓа покрај булеварот Христијан Тодоровски Карпош.

„ Ова е можност за Арсовска да го реализира ветувањето кон граѓаните на Хо Ши Мин за изградба на мега парк кој е од голема потреба! Општина Бутел е обединета во реализирање на своите проекти!“ порача Костовски.

Можете да прочитате

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче