Утрински Весник
Македонија

Демократски сојуз: Бехтел и Енка за раскрчмување на народните пари

Демократски сојуз: Бехтел и Енка за  раскрчмување на народните пари

Демократскиот сојуз бара Државниот завод за ревизија да направи ревизија на досегашните активности и трошењето на милионски суми (над милиони евра) на државните институции во врска со подготовките за изградба на коридорите 8 и 10-д, од Конзорциумот Бехтел И Енка, во вредност од 1 милијарда и 300 милиони евра, како и предвидените над 300 милиони евра за експропријација на земјата каде ќе поминуваат трасите на коридорите (патиштата).

dobivaj vesti na viber

Во јавноста се презентирани многу контроверзни и коруптивни информации во врска со консултанти, надзор итн., кои отворија многу прашања, посебно дека се работи за тежок криминал, со што се загрозува целокупниот проект и може да се случи да останеме и без милионски суми евра и без патишта, со големи обврски кон фирмите кои треба да ги градат патиштата, велат од оваа партија.

Предлагаат Владата да достави информација до Парламентот за досегашните активности, а Парламентот да отвори расправа.

„На испит се и државните институции (МВР, АНБ, УЈП итн), како и Јавното обвинителство, бидејќи имаат законски надлежности и обврски да ги проверат и истражат можните криминални активности на високи функционери инволвирани во овие сомнителни активности“, истакнуваат од Демократскиот сојуз.

Можете да прочитате

Кривична пријава за в.д. директорка на Национален парк „Галичица“ за „несовесно работење во службата“

Обвинителката Бојчевиќ: Исказот на Јовановски е обид да се избегне кривичната одговорност

Зајкова: Свикување на Советот за безбедност и јасна стратегија за заштита на граѓаните од финансиските шокови кои допрва следуваат