АМСМ информира дека поради вградување на асфалтен слој(асфалтирање), од 15.03.2023 до 18.03.2023, ќе биде затворена за сообраќај Делница 4 (делот од с. Ногаевци до с. Виничани) од 08:00 – 16:00 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.