Утрински Весник
Спорт

Вонземјанинот Халанд му даде ПЕТ ГОЛА на Лајпциг, Интер одолеа против Порто

Вонземјанинот Халанд му даде ПЕТ ГОЛА на Лајпциг, Интер одолеа против Порто
300x250 (7)

Ерлинг Халанд е фудбалски вонземјанин. Успеа да му даде пет гола на Лајпциг за еден час игра, достигнување што досега им успеало само на Лионел Меси и на Луиз Адријано во Лигата на шампионите. Тој стана и најмладиот фудбалер што најбрзо стигнал до 30 постигнати гола во Лигата на шампионите, надминувајќи го Килијан Мбапе. Норвежанецот речиси сам го победи Лајпциг и го одведе Манчестер Сити во четвртфиналето на ЛШ, откако „граѓаните“ славеа со 7:0 на „Етихад“ против германскиот тим.

dobivaj vesti na viber

Пеп Гвардиола го повлече по еден час игра и можеби го спречи да се запише во аналите на фудбалот и историјата на Лигата на шампионите.

Ss1

Ерлинг Халанд го отвори резултатот од пенал во 22.минута, а само две минути подоцна зголеми на 2:0. Пред крајот на првиот дел постигна и трет гол за хет-трик во едно полувреме.

Во вториот дел, Халанд погоди и во 53. и во 57.минута, а уште два гола додадоа Илкај Гундоган во 49. минута и Кевин де Брујне во 92. минута.

Интер успеа да издржи на „Драгао“ и да одигра 0:0, а да ја сочува минималната предност од 1:0 од првиот меч во Милано.

Голманот Андре Онана беше одличен, дефанзивците на Интер неколку пати спасуваа од гол-линијата, а фудбалерите на Порто дури трипати погодија статива. Но, италијанскиот тим патува во четврт-финалето.



Ss1

Можете да прочитате

Рангник се откажа од жешкото столче кај Баерн Минхен

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Борусија Дортмунд си обезбеди место во ЛШ во наредната сезона