Утрински Весник
Македонија

Кривичен го ослободи Драган Даравелски: Настаната е апсолутна застареност, пресудата му се укинува

Кривичен го ослободи Драган Даравелски: Настаната е апсолутна застареност, пресудата му се укинува

Судечкиот совет кој постапува по предметот со К.бр. 414/23 против обвинетиот Д.Д. постпаувајќи по обвинителниот акт на ОЈО Скопје со КО бр. 1856/03 од 18.04.2005 година за кривичните дела Злоупотреба на службена положба и овлатување од чл. 353 ст.3 вв со ст.1 и в.в чл. 22 и чл 45 од КЗ донесе НЕПРАВОСИЛНО РЕШЕНИЕ со кое кривичната постапка против Д.Д. се запира поради настапување на апсолутна застареност, а пресудата со К.бр. 809/05 се укинува.

dobivaj vesti na viber

Имено, по барање за повторување на постапката против обвинетиот Д.Д., доставено од неговиот бранител на 10.01.2023 година, за кое барање Кривичниот совет со решение КПОВ бр. 40/23 дозволи повторување на постапката, а истото решение беше потврдено од Апелациониот суд, беше формиран предмет со К.бр. 414/23 кој согласно АКМИС системот беше распредлен на понатамошно постапување. Претседателот на судечкиот совет, надовр од главен претрес, констатира дека е настапена апсолутна застареност за кривичното гонење, на дело сторено во период од 2001 до 2002 година со оглед да:

Согласно член 353 ст.1 од КЗ објавен во Службен весник на 29.07.1996 год. а кој бил во важност за време на сторување на делотот, „службеното лице кое со искористување на својата службена положба или овластување ќе прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета ( став 3) ќе се казни со затвор од 1 до 10 години“. Соглансно член 107 ст.1 од истиот Закон „кривичното гонење не може да се преземе кога ќе поминат 10 години од извршувањето на делото“, а согласно член 108 ст.6 од истиот Закон „застареноста на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапат онолку време колку што се бара за застареност на кривично гонење“.

Постапувајќи ИСКЛУЧИВО СПОРЕД НАВЕДЕНИТЕ ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ судот утврди дека во конркетниот случај апсолутната застареност настапила на 01.12.2022 година.

Против ова неправосилно решени странките имаат право на жалба пред Апелационот суд Скопје.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа