Утрински Весник
Македонија

Претрес во Скопје, пронајден кокаин, приведени лица од Грчец и од Гевгелија

Скопјанец осомничен за илегална трговија со кокаин

Денеска во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.О.(23) од с.Грчец, скопско и В.К. од Гевгелија.

dobivaj vesti na viber

При претрес во домот во кој престојувале во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 150 грама кокаин и дигитална вага.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.

Можете да прочитате

Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

Скопје ќе биде домаќин на CASSINI Хакатонот

Панова: Секој ден во Собранието гледаме само лицемерие од СДСM