Утрински Весник
Свет

ЕУ ги продолжи санкциите против Русија за уште шест месеци

ЕУ: 210 милиони евра хуманитарна помош за 15 земји

Европската унија ги продолжи за уште шест месеци санкциите против речиси 1.500 физички и 205 правни лица од Русија, кои ги обвинува за поткопување на територијалниот интегритет на Украина, соопшти Советот на ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Санкциите за 1.473 физички и 205 правни лица се продолжени до 15 септември 2023 година, се наведува во соопштението и се додава дека тоа е направено автоматски, без дискусија, пренесува Тасс.

Европската унија почна да воведува санкции кон Русија во 2014 година, а тие предвидуваат забрана за влез во Унијата за физички лица, замрзнување на имотот и забрана за ставање на располагање средства или други економски ресурси на наведените физички и правни лица, стои во написите.

Можете да прочитате

Патници скокаа од крилата на авион на “Рајанер” поради лажна тревога за пожар

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД