Утрински Весник
Македонија

Уапсените за грабнувањето на внукот на Бошкоски остануваат во притвор: едниот има 30, другиот 25 години

Уапсените за грабнувањето на внукот на Бошкоски остануваат во притвор: едниот има 30, другиот 25 години
Img 5587

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле дејства на кривично дело грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Тие на 3 март заедно учествувале во дејства на грабнување едно лице во Кисела Вода. Осомничените, на возраст од 30 и 25 години, претходно, по предлог на Обвинителството, а со решение на судот, беа задржани во краткотраен притвор во траење од двапати по 48 часа, со цел обезбедување докази.

300x250 (7)

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особени околности што го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се обидат да ги скријат или уништат трагите на кривичното дело, ќе влијаат врз сведоците или ќе го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје сега достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​

Ss1

Можете да прочитате

Петровска: Од “Никогаш северна, само Македонија” – ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статут

Давкова: Не очекувајте јавно да му се спротивставам на господинот Мицкоски, тој е лидер на партија

Пендаровски: Ветинг на политичарите во прва линија, па потоа на судии и јавни обввинители, почнувајќи од 90-тите години