Познатиот тепих ја промени бојата во Холивуд за годинешното доделување на „Оскарите“ – го опишаа како шампањ наместо како традиционалниот црвен. Но, гламурот на дефилето пред свечената церемонија беше ист како и секогаш.
Кејт Бланшет имаше осма номинација за „Оскар“ во кариерата. Нејзината елегантна креација од сино кадифе украсена со лента, што ја изработија бегалци во рамките на иницијативата на Агенцијата за бегалци при Обединетите нации.
Мишел Јео, ѕвездата на „Сè секаде одеднаш“, пристигна во бела тоалета на „Диор“, нагласена со дијаманти, и ја победи Бланшет во трката за најдобра актерка во главна улога.
Мишел Вилијамс беше номинирана за најдобра актерка – петто признание во нејзината кариера – за улогата на мајката на Стивен Спилберг во The Fabelmans („Фејбелменови“). Таа се одлучи за бел проѕирен фустан на „Шанел“, прошаран со кристали.
Лејди Гага, која ја изведе својата песна Hold My Hand од „Топ-ган: Маверик“, пристигна во црн фустан од „Версаче“, со црн тил врз корсет.
Ријана исто така пееше на церемонијата изведувајќи ја Lift Me Up од филмот „Црн пантер; Ваканада засекогаш“.
Британската актерка Флоренс Пју пристигна во раскошна креација врз црни шорцови и чевли на платформа. Изгледот го дополни со впечатлив сребрен ѓердан.