Утрински Весник
Спорт

Караско добил дозвола да го напушти Атлетико

Караско добил дозвола да го напушти Атлетико
Dik 300x250 mk

Јаник Фереира Караско ги игра последните натпревари во дресот на Атлетико Мадрид. Белгиецот добил ветување од клупските челници дека во летниот преоден рок може да замине од „Цивитас Метрополитано“.

dobivaj vesti na viber

Караско, во 2015 година пристигна во Атлетико. Тогаш „јорганџиите“ на Монаку му платија 15 милиони евра. По неколку сезони во Мадрид се пресели во Кина, во трансфер вреден 30 милиони евра. Во септември 2020 година Атлетико го врати Караско од Далијан за 27 милиони евра.

Крилниот напаѓач има договор со клубот до јуни 2024 година. Разделбата е неизбежна бидејќи Атлетико не ги прифати условите на менаџерот на Караско под кои би бил продолжен неговиот договор.

Во јануари тој се поврзуваше со Барселона, но сепак остана во Мадрид. Шпекулациите велат дека во Барселона се уште постои интерес за него, но наводно тој сакал кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.

Минатото лето за него постоеше интерес кај Њукасл.

Атлетико за Караско може да добие најмногу 20 милиони евра.

Караско за Атлетико има одиграно 250 натпревари, постигна 42 гола и забележа 41 асистенција.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја