Утрински Весник
Македонија

Утрово слаб снег на патиштата кон планинските превои и Попова Шапка

Утрово слаб снег на патиштата кон планинските превои и Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во раните утрински часови има слаби врнежи од снег на Попова Шапка, како и на планинските премини Пресека и Ѓавато, но без проблеми во одвивањето на сообраќајот, известија од АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Оттаму потсетуваат дека законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15 март.

Можете да прочитате

Петровска: Поддршката за Украина одеше билатерално

Сведоштво на Дмитро Олијник во 4TV.mk: Од бомбардирањата во Днепар до безбедноста во Скопје

Украински новинар од Лавов: Без прекин на огнот нема избори – Зеленски и Залужни можни главни ривали