Утрински Весник
Спорт

Стеф Кари и „воините“ го запреа Милвоки

Стеф Кари и „воините“ го запреа Милвоки
Ss2

Актуелниот првак Голден Стејт успеа да го совлада Милвоки Бакс со 125:116 откако мораа да играат и продолжение. Во регуларниот дел, мечот заврши 111:111, а „воините“ беа подобри во решавачките моменти.

dobivaj vesti na viber

Стеф Кари со 36 поени го предводеше Голден Стејт. Тој погоди шест тројки од 15 обиди, а додаде и шест скока и четири асистенции. Имаше голема помош и од Клеј Томпсон со 22 поени, а Донте Дивинченцо кој постигна 18 поени.

Милвоки беше без Јанис Адетокумбо, а најефикасен кај гостите беше Крис Мидлтон со 19 поени.

Бостон Селтикс славеше во дуелот против Аталнта Хоукс со 125:134. Џејсон Тејтум со 34 поени беше најдобар во победничкиот тим, а Тре Јанг постигна поен повеќе за Атланта.

НБА, резултати: Шарлот – Јута 111:119, Детроит – Индијана 115:121, Орландо – Мајами 126:114, Атланта – Бостон 125:134, Хјустон – Чикаго 111:119, Мемфис – Далас 112:108, Њу Орлеанс – Оклахома 96:110, Феникс – Сакраменто 119:128.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал