Фудбалерите на Челси, успеаја да врзат две победи во Премиерлигата. „Сините“, славеа во Лестер со 3:1. Во оваа рунда значајни Евертон, во борбата за опстанок и Тотенхем во борбата за Лигата на шампиони, додека Лидс освои бод против Брајтон.
Челси го има најдобриот период од доаѓањето на Греам Потер. По победите над Лидс и Борусија Дортмунд, Челси победи и во Лестер.
Дуелот на „Кинг Пауер“, го обележаа аситенцијата на Енцо Фернандез и голот на Каи Хаверц во шестата минута од надополнувањето на времето во првото полувреме.
Претходно Челси водеше со голот на Чилвел, израмни Дака, а точка на мечот и победата 1:3 стави Ковачиќ во 78.минута.
Евертон му го нанесе првиот пораз на Брентфорд во 2023 година. Единствениот гол на мечот го постигна Мекнил во првата минута.
Хари Кејн постигна два, а Сон еден гол во победата на Тотенхем над Нотингем Форест од 3:1.
Дуелот Лестер-Брајтон заврши 2:2. Брајтно два пати водеше преку Мекалистер и Херисон (авто-гол), а Лидс се враќаѓе во мечот преку Бамфорд и Херисон.