Утрински Весник
Политички Партии

МВР со демант: ВМРО-ДПМНЕ лаже, вкупниот криминалитет досега годинава е намален за 31,55 отсто

МВР со демант: ВМРО-ДПМНЕ лаже, вкупниот криминалитет досега годинава е намален за 31,55 отсто

Како реакција на прес конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, Министерството за внатрешни работи попладнево испрати демант дека има зголемен криминалитет во државата и недопирливи блиски лица на високи функционери од сфератата на безбедноста.

dobivaj vesti na viber

– Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите изнесени денеска од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Вистината, која јасно се докажува низ бројки, е дека во поглед на вкупниот криминалитетот имаме намалување за 31.55 % во првите два месеца од 2023 година, споредбено со првите два месеца од 2022 година, што секако е резултат на доброто и ефикасно работење на полицијата, – се вели во дописот до медиумите.

Од МВР велат  дека е класична лага и обвинувањето за наводна блискост на раководни лица во полицијата со лице кое извршило кривично дело. – Токму против лицето С.М. се поднесени две кривични пријави, приведуван е во полициска станица, а вршени се и претреси на дом, што директно покажува дека и во овој случај ВМРО-ДПМНЕ пласира невистини и ја лаже јавноста, – стои во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт