Утрински Весник
Свет

Фармерите со трактори влегуваат во Хаг, властите се бранат со барикади од воени камиони

Фармерите со трактори влегуваат во Хаг, властите се бранат со барикади од воени камиони

Земјоделците тргнаа со трактори кон Хаг, пркосејќи на забраната за тешки возила воведена пред протестите против владиниот план за намалување на емисиите на нитратни ѓубрива.

dobivaj vesti na viber

Градските власти ја воведоа забраната на денот кога се очекува илјадници земјоделци да се соберат во локалниот парк во знак на протест, а еколошки активисти од групата Бунтовници против истребување планираат протест во истото време, пренесува АП.

Властите поставија воени камиони во близина на некои раскрсници, за да ги блокираат улиците во случај земјоделците со трактори да се обидат да влезат во центарот на градот.

Протестите се случуваат во пресрет на локалните избори во Холандија во среда, а на нив индиректно се избира и горниот дом на националниот парламент, па тоа може да има ефект врз предложеното намалување на емисијата на загадувачки нитратни ѓубрива.

Земјоделците протестираат и против политиката на владата за детски бенефиции, како и за третманот на жителите во северната провинција Гронинген, чии домови се оштетени од земјотресите предизвикани од децениското екстракција на природен гас, наведува АП.

Телевизиската станица Рајнмонд од Ротердам прикажа снимка на која се гледа како колона трактори го преминува мостот Еразмо додека се упатува кон Хаг. Хашката полиција соопшти дека во близина на градот запрела група со трактори и им порачала на нивните сопственици да паркираат во блиското село и да одат на протестот со автобус.

Во исто време, активистите на групата Бунтовници против истребување бараат владата да ја прекине, како што велат, поддршката за компаниите за фосилни горива.

Властите поставија блокади на патот што води кон Хаг, кој радикалната еколошка група соопшти дека ќе го блокира подоцна денеска.

Неколку стотици активисти на оваа група беа приведени на сличен протест на крајот на јануари, потсети АП.

Можете да прочитате

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел