Утрински Весник
Македонија

На Арсовска и е жал за жителите на Бутел кои ѝ најавија жив штит: Потпаѓаат на провокации

На Арсовска и е жал за жителите на Бутел кои ѝ најавија жив штит: Потпаѓаат на провокации
Ss2

Скопската градоначалничка Данела Арсовска смета дека бутелчани кои најавија дека со жив штит ќе ги бранат дворовите, потпаднале на провокациите од градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. Таа беше прашана за став околу т.н. „жив штит“ на прес-конференција, каде кажа дека мора да се почитува законот.

dobivaj vesti na viber

„Мене ми е навистина жал што тие сметаат дека треба да потпаднат под провокациите на овие политиканти кои ги споменав. Во оваа држава постои закон и не знам како да кажам, дека една личност од една страна не може да зборува за дивоградби, за урбана мафија, а од друга страна да излезе и во истата реченица да брани узурпација на државно земјиште. Ова самото по себе е парадокс. Ние зборуваме за право, правичност. Узурпацијата не оди со овие термини“, кажа Арсовска.

Ss1

Пред два дена, жители од 16 куќи во Бутел, излегоа на протест. Тие реагираа поради одлуката на Град Скопје за пробивање на улицата „Боца Иванова“ преку нивните дворни места. Арсовска рече дека не планира кривичен прогон.

„Градот Скопје нема намера да врши кривичен прогон на граѓани, но сакам да апелирам до граѓаните во овој дел на општина Бутел да не потпаѓаат под политичките игри и манипулации на политиканти кои се обидуваат да ги инструментализираат во својата нечесна политика. На крајот, одговорноста за узурпацијата на земјиштето нема да биде на градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски, туку на оние кои го узурпирале земјиштето“, посочи Арсовска.

Ss1

Можете да прочитате

Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција, Ганиу му врати дека терапијата од Таравари ќе ја прими на 8 мај

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Костадиновска-Стојчевска: Со шест милиони евра во следните три години, Турскиот театар добива современ и опремен дом, достоен на реномето