Обвинението, поради корупцијата на фудбалските судии, кое обвинителството во Барселона го покрена против ФК Барселона ја крена на нозе Шпанија. Аферата ги прекина добрите односи помеѓу најголемите ривали. Откако Форентино Перез во 2009 година се врати на чело на Реал, големите ривали покажуваа меѓусебна почит, па и соработуваа за одредени работи.
Флорентино Перез и Џоан Лапорта се главните иницијатори на проектот европска Суперлига и немаат намера да се откажат од неа.
Овој за многумина неприроден сојуз, се распаѓа откако новинарите на на радио станицата Сер Каталуња открија дека Барселона од 2001 до 2018 година платила вкупно 8,4 милиони евра на Хозе Марија Енрикез Негреира, поранешниот потпретседател на шпанската судиска комисија и неговата компанија.
За возврат, Негреира делегирал и гарантирал за судиите кои суделе на натореварите на Барселона.
Од Барселона признаа дека платиле дел од споменатата сума на сметката на компанијата на Негреира.
„Плативме надворешен технички консултант, за да ни направи видео компилации од судиските настапи. Тие снимки ги искористивме за да собереме информации за нивниот стил и начин на судење, со цел соодветно да се поучуваат играчите. Практиката на ангажирање компании за вакви работни места е вообичаена меѓу професионалните спортски клубови“.
Се чини дека тоа не е баш така бидејќи 18 од 20. клубови од Ла Лига реагираа со заедничко соопштение во кое изразија длабока загриженост поради она што го открија новинарите. Единствениот клуб освен Барселона кој не реагираше беше Реал.
Реал Мадрид беше единствениот кој не се огласи дури и кога започна официјалната истрага. Но, вчера, откако обвинителството во Барселона поднесе обвинение за корупција против ФК Барселона и нејзините поранешни претседатели Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Росело, сојузот заврши.
Реал пред неколку часа објави соопштение.
„Со оглед на сериозноста на обвинувањата на обвинителството во Барселона против ФК Барселона и нејзините двајца претседатели поради длабоко вкоренети сомневања за корупција и нивните односи со поранешниот потпретседател на судиската организација, претседателот на Реал свикува итен состанок на управата за утре напладне, со цел да се одлучи за чекорите што Реал Мадрид мора да ги преземе во врска со овој настан“.
Доколку обвинувањата бидат докажани, Барселона може да иде казнета со одземање на бодови во домашното првенство и да биде исфрлена на неколку сезони од европските купови.