Утрински Весник
Свет

Белгија го забрани „ТикТок“ за државните службеници

Белгија го забрани „ТикТок“ за државните службеници

Советот за национална безбедност на Белгија денеска одлучи да им забрани на министрите, членовите на кабинетот и државните службеници да ја користат кинеската апликација „ТикТок“ на нивните професионални уреди.

dobivaj vesti na viber

„Логична и неопходна одлука“, напиша вицепремиерот Жорж Гилкинет на Твитер.

Белгија смета дека истрагите спроведени од безбедносните служби покажале дека кинеската апликација има неколку безбедносни пропусти, што ја отвора вратата за можно шпионирање на податоците на нејзините корисници,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Оружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети

Путин: Украинските дронови оштетија околу сто руски бродови

Калас: Обидот за напад со дрон во Германија има карактеристики на државно спонзориран тероризам