Утрински Весник
Спорт

Лазаров: Не заслуживме пораз со шест гола разлика

Лазаров: Не заслуживме пораз со шест гола разлика
Dik 300x250 mk

Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Португалија со 23:29 во третото коло од квалификациите за ЕП 2024. Попушти концентрцијата на подмладениот тим на Кире Лазаров во моментите кога се решаваше мечот.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека е најважно Македонија на крајот да се пласира на Европско првенство.

„Најважно е да се пласираме на ЕП, против селекциите на Турција и Луксембург сме фаворити, но не е лесно во денешно време да се добие било кој меч. Сепак, сега мислиме само на реваншот со Португалија“, вели Лазаров.

Селекторот смета дека Македонија не заслужи пораз изразен со шест гола разлика.

„Португалија беше фаворит пред мечот, но мислам дека незаслужено загубивме со шест разлика, со оглед дека во еден момент имавме и водство. Ни недостасуваше фокус и концентрација, но тоа се стекнува само со одигрување на вакви натпревари со силни ривали. Тие доминираа и физички, изгубивме многу дуели на пивотмен. Се надевам дека со текот на времето ќе биде сѐ подоби“, посочи Кире Лазаров.

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето