Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се сведоци на ладнокрвни убиства среде Скопје, затоа што Спасовски е во пакт со мафијата

МВР со првични детали за двојното убиство: Едно лице е однесено во болница
Dik 300x250 mk

Граѓаните се сведоци на ладнокравни убиства среде Скопје, заради пактот на Спасовски и мафијата, власта наместо да се справува со криминалот е уортачена со него. На само стотина метри од владата на Македонија луѓе со автоматски пушки ладнокрвно убиваат, загрозена е безбедноста и јавниот ред и мир и никој не понесува одговорност, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека додека Оливер Спасовски е зафатен со помагање на заменикот Буши, чиј син беше фатен како дивее по улиците, или со поставување на командири кои потоа ги фаќаат како тргуваат дрога, Македонија е се понебезбедна држава. Не може да сведочиме на ликвидации, и никој од МВР да не понесе одговорност.

Пресметките по улиците се резултат на криминализираноста на власта. Потребни се промени за Македонија да стане безбедна држава, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Беровчанец повреден откако паднал од скеле

Опожарено возило во скопски Чаир

Двајвца повредени откако „голф“ излетал од патот