Утрински Весник
Магазин

Кијану Ривс реагира откако молекула што убива микроби го доби неговото име

Кијану Ривс реагира откако молекула што убива микроби го доби неговото име

Кијану Ривс одговори на веста дека во негова чест е именувана молекула која убива микроби.

dobivaj vesti na viber

„Минатиот месец, Институтот за истражување на природни производи и биологија на инфекции ‘Лајбниц’ создаде нова молекула која убива толку ефикасно што ја именувавме по Кијану Ривс бидејќи и тој е крајно смртоносен во своите улоги,“ соопшти институтот.

Со името „кијанумицин“ (Keanumycin), научниците покажаа дека делува ефикасно против растителниот штетник Botrytis cinerea кој предизвикува гниење на сивата мувла и предизвикува огромни загуби на жетвата секоја година.

На тема „Прашај ме нешто“ на „Редит“ оваа недела, Кијану рече: „Требаше да ја наречат Џон Вик… но тоа е прилично кул… и надреално за мене.“

„Но, благодарам, научници! Среќно и ви благодариме што ни помогате“.

Кијанумицин молекулите, се наведува во студијата, може да бидат еколошки поприфатлива алтернатива на хемиските пестициди и може да понудат алтернатива во борбата против габите отпорни на лекови.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста