Утрински Весник
Спорт

Ал-Итихад го стопираше Роналдо и Ал-Наср, на трибините песни за Лео Меси

Ал-Итихад го стопираше Роналдо и Ал-Наср, на трибините песни за Лео Меси

Ал-Итихад стигна до 1:0 победа над Ал-Наср во саудиското „Суперкласико“, дуелот на двата најпопуларни клубови, во меч кој беше одбележан со свирежи за Кристијано Роналдо и повици од навивачите на Ал-Итихад да го донесат Лео Меси во нивниот клуб.

dobivaj vesti na viber

При излегувањето на фудбалерите на теренот на стадионот „Крал Абдула“, Роналдо беше пречекан со свирежи и со извици „Меси, Меси“, а дел од фановите беа со банери со ликот на Меси во дресот на Ал-Итихад.

На теренот, голот на Бразилецот Ромарињо во 80. минута донесе 1:0 победа за Ал-Итихад, со која се одвојуваат на пет поени пред Ал-Наср на врвот на табелата.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност