Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди

Претпладне променливо облачно, попладне сончево со температура до 14 степени

Денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди, а во западните делови значително облачно. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди.

Во петок попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Локален дожд ќе има и во сабота. Во недела ќе дува засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата.

Можете да прочитате

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено

Зајкова: Не сакам да бидам „Ванѓа”, но мислам дека и во нивиот КЗ застареноста ќе остане иста

Нема брза пруга, ќе има мигранти, велат од СДСМ