Утрински Весник
Свет

Вагнер: Го зазедовме источниот дел на Бахмут

Вагнер: Го зазедовме источниот дел на Бахмут

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин утринава објави дека неговата платеничка воена група го зазела Бахмут.

dobivaj vesti na viber

„Единиците на приватната воена компанија Вагнер ја презедоа контролата врз источниот дел на Бахмут“, рече Пригожин.

„Сè источно од реката Бахмутка е целосно под контрола на Вагнер“, рече тој.

Во вторникот, Володимир Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен предупреди дека падот на Бахмут ќе биде „отворен пат“ за руските трупи да ги заземат градовите во Украина.

„Ова е тактика, разбираме дека по Бахмут би можеле да одат понатаму“, изјави украинскиот претседател,пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Во Турција повеќе од 50.000 луѓе евакуирани поради шумски пожари

Силен земјотрес во Неапол – 24info.mk

Орбан: Парадата на гордоста е одвратна