Утрински Весник
Спорт

Анжер го отпуштија тренерот Бухазама по изјавата дека „сите сме допирале девојки“!

Анжер го отпуштија тренерот Бухазама по изјавата дека „сите сме допирале девојки“!
Dik 300x250 mk

Абдел Бухазама доби отказ од Анжер по серијата лоши резултати и скандалозниот говор пред мечот против Монпелје минатиот викенд, кога се обиде да ја намали важноста на тоа што еден од неговите фудбалери е обвинет за силување.

dobivaj vesti na viber

Бухазама пред своите играчи пред 5:0 поразот од Монпелје, присуството на Илјес Шети, кој е обвинет дека минатиот месец сексуално нападнал девојка во еден ноќен клуб го оправдал со зборовите: „Не е ништо сериозно, сите сме допирале девојки“.

Од клубот посочија дек Бухазама планирал да си замине од клубот уште во февруари по разочарувачките резултати, но дека коментарите, кои биле „погрешно протолкувани“ од печатот, го убрзле процесот.

Ажнер се на последното место во Лига 1 со 10 поени по 26 меча од сезоната.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја