УЕФА објави дека ќе им ги врати парите на навивачите на Ливерпул кои не успеаја да влезат на стадионот во Париз за минатогодишното финале во Лигата на шампионите.
За рефундирањето на парите УЕФА ќе издови три милиони евра. Истрагата на независната комисија покажа дека УЕФА како организатор на натпреварот е единствениот виновник за се она шо се случуваше пред стадионот.
„Зедовме предвид бројни ставови и изјави, јавно и приватно дадени и веруваме дека најдовме начин кој е прифатлив и праведен да ја решиме оваа ситуација. Ја цениме помошта на нанвивачките организации на Ливерпул, како и отворениот и транспарентен дијалог што се одржа во овој период. Ги разбираме негативните искуства на навивачите од тој ден и решивме да им ги вратиме парите на сите навивачи кои купија билети, а не влегоа на стадионот“, се вели во соопштението на УЕФА.
Така УЕФА ќе ги врати парите за 19.618 влезници. Најевтиниот од тие билети навивачите го платиле околу 70 евра, а најскапите чинат 690 евра. Отприлика, рефундирањето во УЕФА ќе чини околу три милиони евра.
Минатиот месец независна комисија утврди дека УЕФА е одговорна за хаосот што настана пред финалето, а во кој беа вклучени полицијата и обезбедувањето. Голем број навивачи не знаеле дека купиле фалсификувани билети.