Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Се вратија деведесеттите, мафијашки убиства на улиците, само Спасовски мува не го лази

МВР со првични детали за двојното убиство: Едно лице е однесено во болница

Се вратија деведесеттите. Со Ковачевски како премиер, Груби како вицепремиер и Спасовски прв човек на полицијата се случуваат убиства, пасоши на криминалци се делат, наркотрафикантите седат до првите лица на владата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека додека Спасовски вкупно е прв човек на полицијата 8 години, се случија стотина нерасветлени убиства. Што друго да се случи Спасовски да си даде оставка.

Треба да одговори дали има политичка конотација ова двојно убиство и каква е поврзаноста со крилата на криминализираните ДУИ и СДС?

Нема леб, скапи бензини, инфлација и многу убиства. Тоа е владеењето на Груби, Ковачевски и Спасовски, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Началникот на ГШ на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

Македонија конечно го става во погон својот потенцијал, „Иловица-Штука“ меѓу проектите што би можеле да профитираат од најавениот инвестициски бран 

Филипче: Нашите деца да јадат корења, а нивните деца да патуваат со бугарски пасоши