Утрински Весник
Македонија

Затекнати 20 мигранти во камион кај Смоквица, возачот побегнал

Приведен криумчар на мигранти
Dik 300x250 mk

Мигранти од Конго, Камерун и Авганистан биле затекнати на автопатот  Гевгелија – Скопје, пришто возачот побегнал.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР, после клучката Смоквица, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „цитроен џампер“ со кумановски регистарски ознаки, при што возачот го напуштил возилото. При преглед во возилото биле пронајдени 20 лица мигранти (18 лица од Конго, 1 лице од Камерун и 1 лице од Авганистан).

Мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а за настанот бил известен јавен обвинител.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Продолжи судењето за закланите коњи во ЗОО кои се користеле за храна: Месото било уништено во „Дрисла“

Речиси 50.000 неважечки ливчиња на вчерашните избори

Биљана Ивановска: Освоивме 4.465 гласа со само 1500 евра донација од ЕУ