Утрински Весник
Македонија

Судечкиот совет не успеа да се собере, па не се судеше „Титаник 3“ каде се гонат Гури и Алими од ДУИ

Судечкиот совет не успеа да се собере, па не се судеше „Титаник 3“ каде се гонат Гури и Алими од ДУИ
Dik 300x250 mk

Поради тоа што судечкиот совет не бил во целосен состав, се одложи рочиштето за „Титаник 3“ каде обвинети за изборни нерегуларности се двајца ексфункционери од редовите на ДУИ, Исмет Гури и Ејуп Алими. Судењето е во фаза на изведување докази и треба да помине уште долг процес за да стигне до крај. Обвинението е поднесено пред шест години, а првото судење беше во 2017 година.

dobivaj vesti na viber

Овој предмет доби и пресуда која подоцна беше укината од Апелација. Координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими доби три ипол години затвор за уништување на изборен материјал на локалните избори во 2013 година во Чаир за да победи ДУИ. Иста казна доби и Исмет Гури, екссекретар на Општинската изборна комисија Чаир.

Откако двајцата се жалеа, Апелација пресуди во нивна корист.

„По одржана седница на ден 12.07.2021 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите И.Г. од С. и Е.А. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување“, кажаа од Апелација.

Според обвинението, двајцата фалсификувале вкупно 12 списоци од гласање.

Можете да прочитате

Маж од Мршевци нападнал дете, уапсен е по пријава од мајката

Ужас во Гаизи Баба: Натепано лице на паркинг, останал и без телефон и без пари

УХМР со детална прогноза: Подгответе се за дожд, па затоплување