Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Лажните дојави за бомби доаѓаат од адреси од Иран и од Русија

Спасовски: Лажните дојави за бомби доаѓаат од адреси од Иран и од Русија
Dik 300x250 mk

Од адреси во Русија и Иран, деновиве пристигнувале лажни дојави за бомби во училиштата, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

dobivaj vesti na viber

Рече дека истрагата за дојавувачите ја отежнува фактот што тие користат виртулени конекции, а услугите ги плаќале со крипто валути.

Според форензиката во МВР, дојавите одат преку ВПН адреси. Како што објасни Спасовски, Министерството има и сознанија за дојавување на бомби од територијата на Македонија, а јавноста ќе биде информирана кога ќе дојде време за тоа.

Спасовски потсети дека има нови упатства, мерки и планови што се преземаат за вакви сајбер закани. Според новите протоколи ако училиште на електронската адреса добие закана за поставена експлозивна направа, првично полиција ќе прави проверка додека трае наставата. Во случај да пронајдат нешто сомнително тогаш ќе се евакуираат учениците и вработените во училиштата, по што ќе се извршат деталните проверки.

Министерот смирува дека состојбата е целосно под контрола.

Можете да прочитате

Биљана Ивановска: Освоивме 4.465 гласа со само 1500 евра донација од ЕУ

Тетовец со нож им се заканувал барајќи пари на родителите кои ги избркал од дома

Голема хуманитарна прослава за вториот роденден на Diamond Mall