Утрински Весник
Култура

Се отвора изложбата „Пејзаж на вознемиреност“ во Музејот на современата уметност – Скопје

Се отвора изложбата „Пејзаж на вознемиреност“ во Музејот на современата уметност – Скопје

Изложбата „Пејзаж на вознемиреност (култура и уметност за идното коегзистирање со еколошките кризи и климатски промени)“ се однесува на климатските состојби и еколошки предизвици и ќе се отвори на 9 март, во 20 часот во Музејот на современата уметност – Скопје.

dobivaj vesti na viber

Пејзажот на вознемиреност се однесува на промените во животната средина, кои генерираат ургентни состојби преку екстремните временски услови, губење на биодиверзитетот, девастираната животна средина, неконтролирани траектории на експлоатација на основните ресурси, како водата и воздухот, глобален раст и несакани миграции.

Учесници на изложбата се: Тихомир Топузовски, Ивана Васева, ОПА (Опсесивно посесивна агресија) – Денис Сарагиновски и Слободанка Стевческа, Ивана Мирчевска, Дарко Алексовски, Никола Узуновски, Зорица Зафировска, Кирил Арсовски, Биљана Гаревска и Дарко Базерко.

Во рамки на изложбата ќе следува и јавна програма која ја отвора Адам Ночек, професор по Филозофија на науката и технологијата од Државниот универзитет Аризона во САД на 12 март (недела) во 12 часот.

„ Делата од оваа изложба се резултат на соработка помеѓу уметници, експерти, активисти, формални и неформални здруженија, институции, овозможувајќи видливост, предлагајќи или поттикнувајќи решенија, или претставуваат форми на активизам кои ја инволвираат јавноста околу постоечките проблеми и предизвици“, велат кураторите Топузовски и Васева.

Изложбата е дел од истоимениот проект кој подразбираше шестмесечно истражување и се одвиваше на неколку локации низ земјава како Велес, Битола, Преспа и Скопје во соработка со членови на еколошко друштво од Велес „Вила Зора“, иницијативата „Битола на Точак“, јавната институција Национален парк Галичица и Природонаучниот музеј на Р.С. Македонија. Во рамки на истражувањето се дискутираше за можни соработки, користење на уметнички пристапи и методлогии преку кои ќе се влијае до соодветните институции за решавање на низа ургентни проблеми. Соработници на изложбата се: еколошко друштво „Вила Зора“, Велес, Институт за комуникациски студии Скопје, Природонаучниот музеј на Р.С. Македонија. Проектот е целосно финансиран од ФООМ (Фондацијата Отворено општество – Македонија).

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“