Утрински Весник
Спорт

Рома го „урна“ Јувентус на „Олимпико“

Рома го „урна“ Јувентус на „Олимпико“

Рома се врати во топ 4 во италијанската Серија А, откако по засрамувачкиот пораз од последнопласираниот Кремонезе, на „Олимпико“ успеа да го „урне“ Јувентус за важна 1:0 победа.

dobivaj vesti na viber

Тимот на Жозе Мурињо последните денови беше на насловните страници на италијанските весници повеќе поради однесувањето на португалскиот тренер, отколку поради фудбалот, така што триумфот над „бјанконерите“ го враќа фокусот на резултатите.

Човек на одлука во Рим беше Џанлука Манчини, кој во 53. минута постигна прекрасен гол од далечина, за кој голманот Војчех Шчесни не можеше да направи ништо. Ова беше прв гол на Манчини во Серија А по речиси две години!

Јувентус по голот беше тимот кој ја имаше иницијативата, но и покрај неколку добри шанси пред голот на домашните, на крајот немаа сили за камбек. Во самиот финиш, Јуве остана со десет играчи, откако Моисе Кин реагираше неспортски. Рома сега има 47 поени на четвртото место на табелата, еден поен зад градскиот ривал Лацио и израмнети со петтопласираните Милан. Јуве, пак, покрај казната од 15 поени, се осми со 35 поени.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност