Утрински Весник
Спорт

Форест и Евертон со „воинствено“ реми

Форест и Евертон со „воинствено“ реми

Нотингем форест и Евертон одиграа типично англиско „дерби на дното“ со многу прекини, фаули и остра игра за 2:2 реми на „Сити граунд“.

dobivaj vesti na viber

Демарај Греј ги донесе Евертон во водство по само 10 минути игра со гол од пенал, за најдобриот талент на Нотингем, 21-годишниот Бренан Џонсон да израмни во 19. минута. Тимот на Шон Дајч повторно дојде во водство десет минути подоцна преку Абдулаје Дукуре, но во борбеното второ полувреме, во кое беа доделени шест жолти картони, Форест успеа да израмни повторно преку Џонсон во 77. минута од мечот.

Нотингем сега се 14. место со 26 поени, додека Евертон остануваат во зоната за испаѓање на 18. место со 22 поени.

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027