Кина постави ниска цел од околу 5 отсто за овогодинешниот економски раст, се вели во извештајот на кинеската влада објавен на почетокот на годишната седница на кинескиот парламент.
Ли рече дека Пекинг се уште инсистира на принципот „една Кина“, според кој Тајван е дел од Кина.
Владата треба „да преземе решителни чекори за да се спротивстави на независноста на Тајван и да го промовира повторното обединување“, рече Ли на почетокот на седницата на која присуствуваа 2.948 делегати.
Тајванската влада остро се спротивставува на тврдењата на Кина и тврди дека само 23 милиони жители на островот можат да одлучуваат за својата иднина.
БДП на Кина минатата година порасна за само три проценти, што е еден од најслабите резултати во последните децении, намален под притисок на мерките воведени поради Ковид-19, кризата во секторот на недвижности, сузбивањето на приватното претприемништво и намалената побарувачка за kинески извоз.
Во извештајот на почетокот на седницата, која ќе трае до 13 март, премиерот Ли Кечијанг ја истакна потребата од економска стабилност и зголемени трошоци, поставувајќи ја целта за отворање околу 12 милиони работни места во градовите оваа година, што е зголемување во однос на минатогодишната цел од 11 милиони.
„Наш приоритет мора да биде закрепнувањето и зголемувањето на трошоците“, рече Ли во говорот на почетокот на седницата што траеше нешто помалку од еден час и додаде дека „приходите на жителите на градовите и селата мора да се зајакнat преку повеќе канали“.
Овогодинешниот таргет за раст од околу 5 проценти е помал од минатогодишниот, кој беше околу 5,5 проценти.