Утрински Весник
Свет

Експерти: „Американците најмногу се плашат од Кина“

Бајден ќе им оддаде признание на оние кои го бранеа Капитол

Кина стана синоним за технолошки најразвиената земја, а исто така се вбројува меѓу трите најголеми светски сили.

dobivaj vesti na viber

Прашањето е колкаво влијание има Кина врз светот и каква е нејзината улога во конфликтот меѓу Русија и Украина.

Гостите во телевизиски настап за медиум од регионот го анализираа влијанието на Кина врз светот, но особено врз војната во Украина.

„Се знае кој ја прогласи Кина за главен ривал. Затоа, не би рекол дека тоа е една земја, туку идеологија и пристап на група земји за кои таа смета дека доминираат и треба да продолжат да доминираат. Ние сме веќе во мултиполарен свет, не на почетокот на руската агресија, туку и пред тоа. Додуша, по повод оваа војна појасно ја гледаме таа поделба на светот. Кина има народ, држава и филозофија која во основа има лојалност кон корените и почитување на државните и националните интереси, истакна Зоран Миливојевиќ, дипломат.

„Кина беше лидер пред неколку векови, дури и во почетоците на цивилизацијата, дури и тогаш беше сила. Таа само се врати на едно место поради одредени околности“, додаде тој.

Јелица Стефановиќ-Штамбук, редовен професор на Факултетот за политички науки рече дека Кина е растечка сила која е кредибилна да придонесе за развојот на другите.

„Ова е еден вид нова сила, која прави се преку дипломатија, бидејќи целата идеја е ориентирана кон тоа дека оваа човечка заедница со заедничка иднина мора да биде одраз на она што Кинезите го оценуваат како епохална промена. Живееме во ера што се менува, во цивилизација што се менува. Во таа промена се подразбира дека моќта која расте и која е кредибилна придонесува за развојот и на другите“, рече Стефановиќ, а потоа се осврна на односот меѓу двајцата претседатели:

„Шји Џјинпинг и Џо Бајден не се странци. Тие се познаваат доволно долго. Појавата на американската национална безбедносна стратегија е дека Кина е најголемата закана. Бајден во телефонски разговор рече дека мора да се развиваат бидејќи Кинезите ќе им го јадат ручекот“, истакна таа.

Можете да прочитате

Трамп: Националната гарда ја презема контролата врз спроведувањето на законот во Вашингтон

Макрон: Израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа е подготовка на катастрофа

Руски војници пристигнаа во Белорусија, тврдат Украинците