Утрински Весник
Свет

Нов силен земјотрес со јачина од 6,6 степени на Пацификот

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на островите Кермадец во јужниот дел на Пацификот.

dobivaj vesti na viber

Информациите за земјотресот ги објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Ненаселените острови Кермадец припаѓаат на Нов Зеланд.

Земјотресот бил на длабочина од 183 километри.

Американскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека по земјотресот немало предупредувања за цунами.

Можете да прочитате

Најмалку 16 загинати во напад врз џамија во Пакистан

Русија и Кина бараат Јапонија да ги отстрани американските ракетни системи „Тајфун“

Туск: Полска се придружува на ракетната коалиција предводена од Украина