Утрински Весник
Свет

(Видео) Со цртање графити, децата во шатори ја лечат траумата од земјотресот

(Видео) Со цртање графити, децата во шатори ја лечат траумата од земјотресот

Сликањето мурали на ѕидовите на урнатините е добро осмислена терапија и забава за илјадници деца кои се сместени во шаторски населби откако останаа без своите домови во разорните земјотреси што ги погодија јужните региони на Турција на 6 февруари, јавува Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Програмата за курсеви за цртање графити се спроведува во областа Ислахије и Газиантеп под покровителство на Министерството за млади и спорт на Турција, а проектот го води уметникот и учител Шенол Каракаја.

Каракаја рече дека ја дизајнирале оваа активност на работилницата и ги учат децата да цртаат графити како терапија за да им помогнат да ја надминат траумата и да помогнат во менталниот развој по проблемите што ги имаат по земјотресот.

– Ги сликаме ѕидовите за да ги допреме душите на децата, да им донесеме насмевки на лицата и да им ги залечиме раните. Гледаме дека тоа се деца кои се несигурни и се плашат да излезат, но се радуваат кога доаѓаат овде и си играат со боите – рече тој.

Нагласувајќи дека целта им е да го одржат моралот и мотивацијата кај децата на високо ниво, Каракаја рече дека секојдневно работат со групи од 50 деца.

– Работиме на визуелни елементи што би им овозможиле на децата во својата имагинација да ја отворат вратата на новиот свет, а не на траумата од овој земјотрес – заклучи Каракаја,пренесе Аваз.ба.

Можете да прочитате

Иранската полиција привела 21.000 лица за време на 12-дневната војна со Израел

Орбан: Украинците ја загубија војната, Русија победи, единственото прашање е кога Западот ќе го признае тоа

Си-Ен-Ен: Трамп и Путин ќе се сретнат во воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон во Енкориџ