Утрински Весник
Свет

(Видео) Украина нареди извидничката единица со беспилотни летала да го напушти Бахмут

(Видео) Украина нареди извидничката единица со беспилотни летала да го напушти Бахмут
Dik 300x250 mk

Извидувачката единица на украинската армија опремена со беспилотни летала доби наредба да го напушти Бахмут, град кој руските сили очајно се обидуваа да го освојат со месеци.

dobivaj vesti na viber

Ова го потврди командантот на единицата Роберт Бровди во видео објавено утрово на Телеграм. „Во средината на ноќта, беше наредено веднаш да се напушти Бахмут и да се продолжи со борбените операции на друго место“, рече командантот Роберт Броди на видеото.

Руските сили, последниве денови напредуваа во правец на Бахмут по повеќемесечно гранатирање и борби во околината на градот.

„Ќе ја послушаме наредбата“, рече Бровди, додавајќи дека не знае зошто се преместува неговата единица.

Можете да прочитате

Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп

Потона брод со мигранти меѓу Малезија и Тајланд, стотици се водат како исчезнати

Одбележани 36 години од падот на Берлинскиот ѕид