Институциите предводени од СДСМ преземаат сѐ за да се заштитат граѓаните и нивниот стандард, во време на глобална економска криза, истакнуваат од партијата на власт.
Потенцираат дека замрзнатата цена на лебот од 33 денари е обврска за производителите и трговците.
„Контролите на надлежните институции продолжуваат низ сите градови во државата. Одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубел леб од 450 грама на најмногу 33 денари е оправдана, фер и во интерес на граѓаните. Оваа цена носи и профит за производителите, имајќи ја предвид помошта од државата во вид на драстично намалена цена на електричната енергија за пекарниците што досега ја добиваа, како и цените на природен гас, на нафта, пченица и брашно“, подвлекуваат од СДСМ.
СДСМ, како што велат, е со граѓаните и нема да дозволи некој да профитира на грбот на граѓаните и да го осиромашува народот.