Утрински Весник
Магазин

Хејли Бибер мета на интернет-тролови откако објави фотографии за роденденот на Џастин Бибер

Хејли Бибер мета на интернет-тролови откако објави фотографии за роденденот на Џастин Бибер

Манекенката Хејли Бибер, сопруга на пејачот Џастин Бибер, се соочи со негативни коментари  од фановите на Селена Гомез откако во средата сподели неколку фотографии со Џастин Бибер по повод неговиот 29. роденден.

dobivaj vesti na viber

Додека некои од нејзините следачи на „Инстаграм“ испраќаа роденденски желби на пејачот, неколку тролови се насобраа во делот за коментари, најверојатно како резултат на онлајн драмата со Селена, која порано му беше девојка на Џастин.

„По ѓаволите, заборавив да те отследам“, напишаа неколку луѓе, спомнувајќи како Хејли изгуби речиси милион следачи за неколку дена откако ја исмеја поранешната девојка на Џастин.

Во меѓувреме, друг коментираше: „Претпоставувам дека залутаните кокошки понекогаш победуваат“, додека други напишаа: „Одважен потег да ги отклучиш коментарите“.

Други критичари ѝ порачаа на Хејли дека треба да се фокусира да му помогне на Џастин откако тој ги откажа преостанатите концерти од светската поради здравствени проблеми, наместо да споделува фотографии.

Долготрајната расправија меѓу Хејли и Селена кулминираше во последните неколку недели. Сè започна кога Хејли почна да ја исмејува Селена на социјалните мрежи.

Хејли деновиве се најде на удар на силни критики откако, таа, Кендал и Кајли Џенер ја исмеваа Селена Гомез во нивните видеа на „Тик-ток“ и објавите на „Инстаграм“.

Се започна во средината на јануари кога папараците ја уловија Селена на плажа и јавно објавија фотографии од нејзината „несовршена“ фигура.

Хејли, Кендал и Џастин Скај потоа објавија заедничко видео на „Тик-ток“ во кое се синхронизираа со аудио кое гласеше: „Не велам дека таа го заслужи тоа, но Божјиот тајминг е секогаш во право“. Многу фанови беа убедени дека видеото е за Селена и ја нарекоа Хејли „љубоморна злобница“, на што таа го избриша видеото и рече дека немала намера да ја навреди Селена и дека го искористила аудиото бидејќи е во тренд.

Драмата продолжи во февруари кога Селена ја симна Кајли од тронот како најследена жена на „Инстаграм“. Во едно од своите видеа, Селена на следачите им ги покажала претерано истенчени веѓи, а веднаш потоа се случи „уште една случајност“.

Кајли на Инстаграм веднаш објави фотографија од зумирана веѓа со натпис „случајно ли беше тоа?“, а потоа објави скриншот од повикот на „Фејс-тајм“ со Хејли.

Наскоро на социјалните мрежи започна вистинска војна на фановите. Милиони луѓе застанаа во одбрана на Селена Гомез и почнаа да ги повикуваат другите да ја следат на социјалните мрежи, а да ги отследат Кајли и Хејли. Бројот на нивните следачи брзо почна да се намалува за стотици илјади луѓе, додека на Селена од 381 милион се искачи на над 386 милиони.

Во исто време, Кајли и Хејли мораа да ги заклучат коментарите на нивните објави поради големиот број хејтери кои сега ги нарекуваат „злобни девојки“.

Хејли првпат беше во врска со Џастин во декември 2015 година, кога пејачот и Селена ставија крај на својата романса. Џастин подоцна беше со Софија Ричи, а во ноември 2017 година, тој повторно беше фотографиран како вози велосипед со Селена. Но, тој потоа повторно се смири со Хејли во јуни 2018 година. Се венчаа три месеци подоцна.

Врската на Џастин и Селена траеше од 2010 до 2018 година со прекини, па поради тоа некои од фановите на Селена сметаат дека Хејли влијаела на нивната конечна разделба.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста