Утрински Весник
Свет

(Видео) Со шпагети на ушите руски политичар го слушаше говорот на Путин, повикан е на суд

(Видео) Со шпагети на ушите руски политичар го слушаше говорот на Путин, повикан е на суд

Рускиот политичар Михаил Абдалкин ќе се појави на суд следната недела за да се соочи со обвиненијата дека ги дискредитирал вооружените сили со објавување видео.

dobivaj vesti na viber

На споменатата снимка може да се види како Абдалкин го слуша говорот на рускиот претседател Владимир Путин за состојбата на нацијата, додека во исто време над увото му висат шпагети.

Абдалкин, претставник на Комунистичката партија во регионалниот парламент на Самара, го направи овој потег затоа што во руската традиција, закачувањето нудли на уво симболизира дека личноста е измамена. Тој на социјалните мрежи објави дека градскиот суд во Новокујбишевск ќе го расправа неговиот случај на 7 март.

„Ќе се бориме да ја докажеме мојата неинволвираност и невиност“, рече Абдалкин, кој претходно беше укорен од неговата партија за споменатиот испад.

Откако ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година, Русија ја интензивираше својата акција против јавното несогласување, наметнувајќи парични и затворски казни за дискредитација на вооружените сили преку изразување негативни ставови.

Патем, обраќањето на Путин за состојбата на нацијата на 21 февруари, кое траеше речиси два часа, не вклучуваше никакви големи политички најави освен суспензијата на учеството на Русија во нејзиниот најнов договор за контрола на нуклеарното вооружување со САД, пишува Ројтерс.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk