Утрински Весник
Магазин

Лебот донесе и сарказам, и иронија, и досетки: „Нокти правење нема више, од денес леб ќе се меси“

Лебот донесе и сарказам, и иронија, и досетки: „Нокти правење нема више, од денес леб ќе се меси“

Со анегдоти, досетки, сарказам и иронија се коментира состојбата со лебот во Македонија. Во одредени маркети веќе нема полубел и бел леб, рафтовите останаа празни, а граѓаните тоа го коментираат и на социјалните мрежи. Некои се осврнаа на тоа дека лебот стана луксуз, а други се спремни и да го замесат во домашни услови.

dobivaj vesti na viber

„Нокти правење нема више, од денес леб ќе се меси“, стои во коментарот на Ѓорѓе Коцев на „Твитер“.

Преку сарказам корисниот „Грдо пајче“ прашува: „И сега што да пипкаат од сабајле пензионерите кога нема леб?“

Поради недостигот на леб и неговата висока цена, на „Твитер“ се подбиваат со името на познатата македонска група за која предложија промена на името. Во твитот стои: „’Леб и сол’ го промени името во ‘Јуфки и сол’“.

Со оглед дека за време на пандемијата, кога Македонија немаше вакцини, донации ни правеше Србија, на „Твитер“ велат: „Ај па може Вучиќ ќе прати леб“.

„Нема повеќе леб и маргарин да јадете“, посочува друг корисник на социјалната мрежа.

Во друг коментар се вели: „Од утре симитот ќе се продава без леб“.

Во низата саркастични коментари има и шеги во кои се споменува актерот Џони Деп, кој имаше јавно судење со својата екссопруга Амбер.

На социјалните мрежи имаше и низа фотографии, а каде што тема е лебот.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста