Утрински Весник
Македонија

Лефков: Ковачевски додека прави реконструкции, граѓаните ги остави без леб

Лефков: Ковачевски додека прави реконструкции, граѓаните ги остави без леб

Денска во државата во која Ковачевски е премиер и прави реконструкции на Владата граѓаните се разбудија без леб, рафтовите се празни, граѓаните се борат за преживување. Но, кога ќе ги погледнам случувањата можеби навистина и ние малку претеруваме. Има невидено намалување на цените за блиските на владини функционери. Деловен простор на улица Македонија ексклузивно за владините функционери по 700 евра, рече пратеникот Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа за именување заменици министри.

dobivaj vesti na viber

Лефков се осврна на кратките биографии на кандидатите за заменици министри.
„Еден од кандидатите вели дека знае да работи на интернет експлорер, а знаете што е најпребарувано месење леб. Ова е невидено“, рече Лефков.

Според пратеникот едмо е јасно дека Ковачевски е заинтересиран за својот имиџ.
„Па така тој дава 26 илјади евра за рекламирање на Фејсбук. Но, знае ли тој колку луѓе се сиромашни и колку од нив се деца. Знае ли колкава е инфлацијата скоро 20 проценти и е највисока во регионот. И тоа значи дека нашите граѓани најбрзо осиромашуваат“, посочи Лефков.

Лефков укажа и дека неговото неработење, неспособноста на Ковачевски се гледа низ бројите од анкетите.

„Граѓаните ви кажуваат дека не ви веруваат. И никој не може да ви помогне, ниту еден пиар“, рече Лефков.

Можете да прочитате

Втора тркалезна маса на Министерството за правда за измени на Законот за Судски совет

Претпладне магливо по одделни котлини, попладне сончево со умерена локална облачност

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%