Утрински Весник
Македонија

„Ауди“ излета од патот кај Свети Наум во Охрид, две лица тешко повредени

„Ауди“ излета од патот кај Свети Наум во Охрид, две лица тешко повредени

Три лица, од кои две, потешко се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа по полноќ на патот кон Свети Наум во Охрид.

dobivaj vesti na viber

Возилото го управувал 18-годишник од овој град, а внатре имало уште двајца сопатници.

Возачот и уште едно лице добиле тешки повреди, а по несреќата, биле пренесени во специјалната болница „Св. Еразмо“.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Регионалниот пат Охрид – Свети Наум е црна точка поради тесните ленти, големите кривини и непрегледноста, па и во минатото тука повеќепати се случувале сообраќајни незгоди.

Можете да прочитате

Затворен патот Тетово–Јажинце, багери копаат за да го спречат огнот

Лажна помош на патиштата – нов трик со кој измамниците ве оставаат без пари

Пожарот во Јажинце ставен под контрола