Утрински Весник
Македонија

(Видео) Тројца повредени во тешката несреќа во Бутел, 20-годишник го управувал возилото што го разнесе „клиото“

(Видео) Тројца повредени во тешката несреќа во Бутел, 20-годишник го управувал возилото што го разнесе „клиото“

Тројца повредени има во сообраќајната несреќа што се случи вчера во скопски Бутел, на крстосницата на булеварите Христијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина. Од МВР за „Макфакс“ посочуваат дека „голфот“, кој го разнесе возилото „клио“, го управувал 20-годишен скопјанец. Возилото кое стоело на семафорите во моментот кога „голфот“ со голема брзина удрил во него го управувал 49-годишен скопјанец.

dobivaj vesti na viber

„Во незгодата телесни повреди добиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото ‘фолксваген голф’  Џ. Х. (26) од с. Страчинци, констатирани во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ и Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје“, велат од МВР.

„Макфакс“ веќе објави дека возачот на автомобилот „клио“ додека стоел на црвено светло во својот автомобил, зад него се појавило возило кое залетано со голема брзина го удрило и целосно го згмечило задниот дел извртувајќи го за 360 степени. Очевидци за „Макфакс“ раскажаа дека возачот што ја предизвикал сообраќајната несреќа возел со неверојатна брзина.

Можете да прочитате

Тошковски: Ќе се прекине партизацијата во МВР, ќе има маалски полицајци

Зголемена фреквенција на возила по патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања

Ана Михајлов нова в.д. директорка на Агенцијата за европски образовни програми, Богојески разрешен