Утрински Весник
Македонија

(Видео) Страшна сообраќајка вечерва во Бутел – возило со голема брзина удри во автомобил кој стоел на семафор

(Видео) Страшна сообраќајка вечерва во Бутел – возило со голема брзина удри во автомобил кој стоел на семафор

Скопјанец е пренесен во Градската болница со повреди од тешка сообраќајна несреќа што се случи вечерва на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Бутел, на семафорите кај џамијата.

dobivaj vesti na viber

Додека тој со својот автомобил стоел на црвено светло, зад него се појавило возило кое залетано со голема брзина удрило и целосно го згмечило задниот дел, а автомобилот се извртел за 360 степени.

Очевидци за „Макфакс“ раскажаа дека возачот кој ја предизвикал сообраќајната несреќа возел со неверојатна брзина.

„Возеше можеби 200 километри на час“, рече жена која ја посведочи несреќата.

Возачот не успевал да го совлада забрзаното возило по ударот.  На крајот удрил во куп песок, дијагонално од местото на несреќата кое е целото покриено со стакла.

МВР го обезбедува местото. Се чека увидна екипа.

Можете да прочитате

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Ограбил седум возила, приведен кумановец

СДСМ: Додека сите се занимаваат со лажните вести на Алфа ТВ и Жан Митрев, ВМРО увезува 10.000 „економски работници”