Утрински Весник
Свет

Курти: Сакав да го потпишам договорот, но Вучиќ одби

Вучиќ и Курти в понеделник ќе се сретнат во Брисел

Косовскиот премиер Албин Курти по средбата во Брисел изјави дека е подготвен да го потпише договорот. Тој додаде дека српската страна тоа го одбила.

dobivaj vesti na viber

„ Искажав волја и интерес да го потпишам овој текст, но српската страна одби“, рече Курти, додавајќи дека во Брисел ништо не е потпишано.

Како што наведе, потврдата за прифаќање на текстот требало да заврши со потпис, но српската страна не го сторила тоа. Според него, средбата била конструктивна, но не завршила со договор.

Тој додаде дека во наредните денови ќе има уште една средба и разговори со дипломатите на ЕУ.

„ Имавме позитивен, конструктивен состанок во Брисел и оваа средба беше потврда дека европскиот предлог е прифатлив и непроменлив. Претходно кажав дека тоа е добра основа и сега ќе продолжиме да разговараме за планот за имплементација“, рече Курти.

Можете да прочитате

Стармер: Заканите на Трамп за царини поради Гренланд се „сосема погрешни“

Реакции на Данска и на Франција по заканите од Трамп за царини поради прашањето за Гренланд

ЕУ разгледува одговор на царините на Трамп за Гренланд